- -3000
Заменска вреќа за автоматско празнење...
Резервна вреќичка за Viomi S9 | Лесна за користење
Шифра: 369308
Паметна роботска правосмукалка, процесор R16-J, сензор LDS 360 °, 12 сензори за насочување, моќност на вшмукување 2100Pa, до 2h автономија, батерија од 3200mAh
Испорака од магацин во Македонија | Гаранција 2 години | Бесплатна и брза достава во 1-2 дена | ЕУ верзија
За сите љубители на чистење без напор, тука е новата генерација Xiaomi Mi Robot Vacuum-Mop P.
Поголема моќност во чистењето
Дизајнот на новата правосмукалка ја задржува класичната линија на брендот Xiaomi, а неговиот сензор е ист како и кај претходникот Xiaomi Mi Robot, што му овозможува ориентација во просторот и полесно скенирање. Mi Robot Vacuum - Mop P е опремен со резервоар за прашина со капацитет од 0,3 литри и супер моќна батерија од 3200 mAh произведена од LG и Panasonic која овозможува подолго работење. Покрај тоа, на роботската правосмукалка не и претставува проблем ниту препрека со висина до 2 cm (пр. теписи...). Една од позначајните функции на роботот е тоа што поддржува зонско чистење на начин што можете да обележите простор со големина по ваша желба.
Одлична вшмукувачка моќ
Најновиот робот правосмукалка Mi Robot Vacuum Mop P се одликува со моќ на вшмукување од 2100 Pa, што е доволно за собирање и вшмукување на поголемиот дел од прашината и нечистотијата во домот, како и влакната кои ги оставаат домашните миленичиња. Како и неговиот претходник, Mi Robot Vacuum-Mop P е дизајниран така да го чисти подот прво со предната страна. Роботот е снабден исто така со две крпи од кои едната служи за влажно чистење на подот а другата за влажно и суво чистење на истиот.
Прецизно и ефикасно влажно чистење
Со новиот дизајн водениот филтер го одржува резервоарот чист и ја контролира количината на водата така што бришењето е прикладно и сигурно и за дрвените подови, а ќе обезбеди и ефикасно чистење на нивоата.
Сензорна покриеност
Со цел да осигура потполна чистина во вашиот дом, бирајќи го притоа најпристапниот пат за чистење во секој момент, тука е LDS (laser distance sensor) со скенер од 360 степени, кој ја проверува околината во радиус до 8 метри 1800 пати во секунда. Повеќе од добри перформанси на самиот сензор му овозможуваат процесорот R16-J и главниот процесор Mali 400. Покрај ласерскиот мерач на растојание , вашиот нов робот правосмукалка има уште 11 повеќенасочни сензори како IF сензори, сензор за скалило и судир со ѕид / препрека и автоматски сензор на станицата за полнење, сензор за исклучување во случај на блокирање или застој, вградени се и сензори за резервоарот за прашина, вода и крпа , сензор за известување за грешките.
Целосна контрола преку смартфон
Благодарениe на апликацијата Xiaomi, сега можете рачно да ја контролирате работата на вашата роботска правосмукалка, да го менувате начинот на чистење, да ја надгледувате нејзината положба, а апликацијата ви овозможува вклучување и исклучување на чистењето и преглед на дневниот, неделниот или месечниот распоред што роботот го исполнил.
Роботот е прикладен за: теписи,керамички плочки, мермерни подови, ...
Напомена: Не додавајте средство за чистење во резервоарот за вода, а производителот препорачува да се користи дестилирана вода со цел да се продолжи рокот на траење на самиот производ.
Детали за прозводот:
No customer reviews for the moment.
Остави коментар
* Задолжителни полиња
или Откажи