• -500 

Mi Electric Scooter 3 - Електричен тротинет црн

Шифра: 000589

29990 
29490 ден заштеди 500  Бесплатна достава
Со вклучен ДДВ

Брзина до 25км/ч, 3 брзини, нагорнини до 16% и батерија од 7650mAh

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза испорака низ цела Македонија | 2 години гаранција

Количина
Распродадено


Xiaomi Electric Scooter 3 – електричен тротинет

Ви го претставуваме новиот модел од добро познатата серија Xiaomi електрични тротинети - Mi Electric Scooter 3! Едноставен за возење и со импресивни перформанси. Подобрен изглед и преклоплив, лесен за пренос и супер практичен за градско возење.

Висококвалитетни материјали и двоен начин на кочење E-ABS + диск кочници, мотор со јачина од 600W и литиумска батерија од 7650mAh, Mi Scooter 3 ќе ви овозможи автономија до максимални 25 километри, а во исто време може да совлада нагорнини до 16%. Со 3 брзини на работа, прилагодете го лесно возењето према вашите потреби. На пример, доколку се наоѓате во гужва или повеќе луѓе, брзината може да ја подесите на начин Пешачење (0-5км/ч), додека пак при подесен Стандарден начин на возење брзината ќе достигне до 20 км/ч. Ако се наоѓате надвор од гужва, брзината подесете ја на начин Спорт при што тротинетот ќе достигне брзина до 25км/ч.

Се карактеризира со нов LED екран кој овозможува подобро визуелно искуство и приказ на податоци во реално време. Може да имате на дофат на рака податоци поврзани со брзината, начин на работа на тротинетот, заклучување како и многу други корисни информации во врска со возењето. Новата диск кочница со две подлоги нуди ефикасно кочење и го продолжува векот на траење на кочните плочи. Со Kinetic Energy Recovery System (KERS) претворете ја кинетичката енергија во електрична за подолг век на траење на батеријата. Составот за поврат на кинетичката енергија е потполно унапреден, а ефикасноста на претворање на енергијата е дополнително подобрена во однос на претходната генерација. Со секое кочење и возење без гас може да се поврати кинетичката енергија и да се претвори во електрична.

Mi Electric Scooter 3 овој пат носи и нов начин на работа, што значи, кога капацитетот на батеријата ќе падне под 30%, автоматски ќе премине во "начин мирување" со цел да ја заштити батеријата и да го продолжи нејзиното времетраење. 8,5" гуми се дизајнирани така да имаат подобра апсорпција на удари и да може полесно да поминуваат препреки.

Преку апликацијата ќе имате на дофат на рака уште повеќе функции и истата ќе ви овозможи пратење на вашето возење и анализа на статистички податоци, како и пратење на техничките податоци како што е на пример, преостаната батерија и нејзина исправност.

Xiaomi Electric Scooter 3 поседува сертификат IP54 за заштита од вода и прашина (но не е наменте за возење по вода).

Напомена : Не користете го тротинетот за возење по дожд.

Не возете го по водена или каллива површина.

Пред секое возење добро проверете го. Ако воочите недостиг на некој дел, оштетување, испразнети гуми или недоволен капацитет на батерија не возете го.

Со цел да избегнете оштетување предизвикано од вода, за време на чистењето секогаш гледајте тротинетот да е исклучен, полначот исто така да е исклучен.

Никогаш не чистете го тротинетот по силен млаз или силен притисок на вода, бензин или друго корозивно хемиско средство.

Не оставајте го тротинетот подолго време на сончева светлина.

Редовно проверувајте ги кочниците и редовно сервисирајте ги, во согласност со упатството.

Технички податоци

Бренд
Xiaomi
Модел
DDHBC16NEB
Боја
Црна
Компактибилност со ОЅ
Android 4.3 и iOS 9.0
Вид на дисплеј
екран LED со приказ на важни информации
Функции
E-ABS + диск кочници, Smart App, Kinetic Energy Recovery System
Напредни функции
3 начини на возење(пешачење, стандард и спорт), брзина до 25км/ч, нагорнини до 16%
Батерија
7650mAh / 275Wh
Димензии и тежина
расклопен 1080x430x1140мм, склопен 1080x430x490мм, 13.2 килограми
Гаранција
2 години

Специфични референци

Рецензии

No customer reviews for the moment.

Остави коментар

Mi Electric Scooter 3 - Електричен тротинет црн

Брзина до 25км/ч, 3 брзини, нагорнини до 16% и батерија од 7650mAh

Испорака од магацин во Македонија | Бесплатна и брза испорака низ цела Македонија | 2 години гаранција

Остави коментар

Други производи во истата категорија:

PrestaShop