Политиката за приватност дава општи информации за обработката и уредувањето на личните податоци кои Смартус ги прибира, обработува и користи, а што се доброволно оставени од лицето кога ќе пристапи на веб страната на Смартус и ќе нарача производи што се нудат на истата. Личните податоци кои се оставени на веб страната не се доставуваат до трети лица без дозвола од лицето кое ги остава, освен кога е согласно Законот за заштита на личните податоци и останатите закони и прописи во РСМ.
Корисниците на веб страната се упатуваат да прочитаат се што е наведено на оваа страна со цел подобро да разберат кои податоци Смартус ги собира и обработува и за која цел, како и да дознаат кои се нивните права при обработката на личните податоци.
Секој Kлиент и Корисник кој има некакви прашања поврзани со личните податоци може да ги испрати на следната електронска адреса kontakt@smartus.mk.
Информации што се прибираат
Смартус прибира податоци од веб страната преку посетители на истата и од субјекти кои нарачуваат од понудените производи - купувачи.
Личните податоци се обработуваат согласно законсите прописи, во доволна мера и транспарентен начин во однос на субјектот, за конкретни, јасни и легитимни цели, чувани во форма која овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка.
Контролор за лични податоци
Име: Смартус А-Медиа д.о.о.
Седиште: Бул.Македонски Просветители бр.22/2
Охрид
Тел: +389 76 750 968
Контакт email: kontakt@smartus.mk
Промотивни е-маил пораки
Доколку се регистрирате на нашата веб страна имате можност да одберете дали сакате да добивате известувања преку е-маил пораки. Во било кое време можете да одберете да не добивате промотивни е-маил пораки, со следење на инструкциите кои се содржани во секој промотивен е-маил испратен од нас. Воедно, Ве молиме имајте предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивањето на промотивните пораки, ние сеуште може да Ви испраќаме непромотивни е-маил пораки за извршени трансакции, активности на Вашиот профил, купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку Вашиот профил.
Обработка на личните податоци
Смартус ги собира оние лични податоци кои се во рамките на неговите законски овластувања и се во согласност со Законот за заштита на личните податоци и сите други важечки прописи во Република Северна Македонија.
Целта е да се спречи загуба и пред сè кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, нивна објава, промена или уништување.
Обработката на личните податоци е законита и е согласно Законот за заштита на личните податоци, кога субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на неговите лични податоци за една или повеќе конкретни цели, односно Купувачот при внесување на своите лични податоци ја дал изјавата за согласнот за користење на неговите лични податоци при извршување на нарачката.
Податоците што ги користи Смартус се со цел:
работење, одржување и одобрување на нашата веб страна; понуда на реклами базирани на Вашите интереси, push нотификации, комуникација и понуди за производи и услуги од нас, нашите бизнис соработници; да го олесниме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување; да Ви одговориме на Вашите барања и прашања; анализа и спроведување на истражувања; да комуницираме и да Ве информираме за дополнителни работи и новитети; да Ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации, вклучително и во име на нашите бизнис соработници; да администрираме анкети, наградни игри, или други промотивни активности или настани организирани од нас или наши бизнис соработници; да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите; да Ви овозможиме да аплицирате за работно место, да објавите содржини или да се пријавите за специјални понуди од нашите бизнис соработници или други трети страни преку сајтот или други програми кои ќе ги овозможиме.
Заштита на Вашите податоци
Смартус ги собира личните податоци што доброволно се оставени од лицето кога ќе пристапи на веб страницата smartus.mk и ќе нарача производи што се нудат преку нашата веб страница. Истите не се доставуваат до трети лица без Ваша дозвола, освен во случаи кога тоа е изрично пропишано со закон или кога сме обврзани за исполнување на обврските. За време на посетата на веб страницата на Смартус, Вашата приватност целосно се почитува.
Оставањето на личните податоци е одлука на Купувачот. Доколку Купувачот не ги обезбеди потребните задолжителни информации потребни за активноста која се бара, истиот нема да биде вклучен во таа активност, бидејќи без тие информации активноста нема да биде изводлива да се оствари.
Безбедност на податоците
Во однос на безбедноста на податоците Смартус превзема бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Сериозно ја сфаќаме безбедноста и превземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Смартус изјавува дека конекцијата, пребарувањето и навигацијата на веб страната www.smartus.mk е шифрирана и сигурна преку SSL сертификат. Ваквата конекција гарантира дека сите податоци пренесени помеѓу серверот и пребарувачот остануваат приватни.
Вработените во Смартус се одговорни да се придржуваат кон принципите на заштита на приватноста. Купувачот е должен, доколку има промена во податоците за видот на адресата на живеење и слично, да ја пријави промената ПРЕД испораката на нарачката.
Согласно Законот за заштита на личните податоци Купувачот има право да побара и да добие исправка на неговите неточни лични податоци. Земајќи ги предвид целите на обработката, субјектот на личните податоци има право да ги дополни нецелосните лични податоци, со давање на дополнителна изјава.
Во спротивно, Смартус не одговара за какви било проблеми поврзани со испораката на производот/услугата или за било кои други погрешни информации на корисничката сметка.
Права на Купувачот во однос на обработката на личните податоци
Смартус (Продавачот) го информира Купувачот за неговите права и обврски во моментот на прибирање на податоците односно при остварување на деловната соработка.
Согласно Законот за заштита на личните податоци, правата на Купувачот се: право на транспарентност и информираност (член 16), право на пристап до лични податоци (член 19), право на исправка (член 20), право на бришење (член 21), право на ограничување на обработката (член 23), право на преносливост (член 23) и право на приговор (член 24).
Право на повлекување на согласноста на Купувачот и бришење на личните податоци
Доколку Купувачот не сака Смартус (Продавачот) понатаму да ги обработува личните податоци внесени од Корисникот за време на регистрацијата или при доставување на податоци за испорака на производот, може во секое време да побара бришење, корекција или пренесување на личните податоци согласно Законот за заштита на личните податоци. За тоа мора да го извести Продавачот преку е-пошта kontakt@smartus.mk.
Рок на чување на личните податоци
Смартус ги чува личните податоци на Купувачите на веб страната се додека не се постигне целта за обработката, согласно законските прописи. Рокот на задржување на податоците за клиентот од страна на Смартус започнува од периодот кога регистрацијата на Купувачот станува активна и 4 (четири) години по прекинување на регистрацијата од страна на Купувачот, по што личните податоци се бришат.
Прифаќање на условите
Со внесување на податоците од страна на Купувачот и правењето на нарачката од нашата веб страна, Купувачот се смета дека ги прочитал, разбрал политиките за приватност, условите како и воедно се согласил со истите.
Односно со користењето на оваа веб страна корисниците ги прифаќаат одредбите од Политиката за приватност на Смартус.
Информации за директен маркетинг
При пријавувањето на newsletter, корисникот се согласува да добива нови понуди, рекламен материјал, промоции и промо кодови за попуст. Смартус А-Медиа доо се обврзува на ниту еден начин да не ги злоупотребува имејл адресите на регистрираните клиенти. Корисникот може да се откаже од примање е-вести во секое време со кликнување на линкот на крајот од Newsletter-от.
1. Што се дневни емаил известувања (е-билтен)
E-mail известувањата (е-билтен) се пораки кои повремено може да ги добиете во вашето електронско сандаче, со кои ве информираме за новите понуди и актуелности поврзани со smartus.mk. Овие известувања се добиваат доколку лично се зачлените во нашата листа (е-билтен).
2. Цел на е-mail известувањата
Целта на е-mail известувањата е да добивате информации во вашето емаил сандаче за сите најнови промоции, производи и услуги на smartus.mk, лесно да ги најдете понудите кои ги барате и да останете информирани за сите новости.
3. Прифаќање или одбивање за добивање на дневни емаил известувања
3.1. Со вметнување на имејл адреса во полето “БИДИ ВО ТЕК СО СПЕЦИЈАЛНИТЕ АКЦИИ И ПРОМОЦИИ“ давате согласност да добивате e-mail известувања за новости и актуелни понуди.
3.2. Истото може да се направи и при регистрација селекционирајќи го checkbox-от "Сакам да добивам известувања за специјалните понуди"
4. Како се користи вашата емаил адреса
E-mail адресата со која ќе се зачлените, може да стане дел од меилинг листата (Билтен) преку која комуницираме со вас за новости и актуелни попусти.
5. Право на отчленување од листата за известувања и бришење на е-mail адресата
Секој корисник има право да ја даде или да ја повлече согласноста за Директен маркетинг, во било кое време.
Отчленувањето од е-mail известувањата е многу едноставно:
На секој е-mail кој го добивате во долниот дел има копче „Отчлени се“ или „Unsubscribe“.
Го кликате и одбирате дека повеќе не сакате да добивате дневни известувања и одбирате Зачувај. Со тоа повеќе нема да добивате дневни известувања од smartus.mk.
Пријавата за e-mail известувања (е-билтен) може да се отстрани и со пристапување кон страницата „Мојот профил > Информации“ и исклучување/отселектирање на check box-от „Сакам да добивам известувања за специјалните понуди“.
Пред испраќање на секој нов Newsletter, Смартус користи ажурирана листа.
Промена на политика за приватност
Политиката за приватност ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и обврски. Сите измени и дополнувања навремено ќе бидат објавувани на веб страната на Смартус.