Xiaomi прочистувачи на воздух за сечиј вкус и потреба
Полека но сигурно се наближува оној период од годината кога на сите ни е потребен малку почист воздух, барем во домашни услови. За да уживате секогаш во здрав и чист воздух во домот, одберете еден од нашите Xiaomi прочистувачи. Сите модели се карактеризираат со висока ефиканост при отстранувањето на штетните нано честички и се со одличен и докажан квалитет.
Во продолжение погледнете ги накратко едни од најважните карактеристики на прочистувачите:
Mi Air Purifier 2H – Овој прочистувач е наменет за простор од 18 до 30m². Има капацитет да обезбеди проток на воздух од 260m³/h. Што се однесува до карактеристиките, неговиот филтер е трослоен и успева да елиминира 99.97% од штетните нано честички, вклучувајќи прашина. Во врска со микроорганизмите, моделот е погоден за филтрација на оние со големина над 0.3 микрометри. За само 4 минути ќе имате нов, прочистен и освежен воздух.
Mi Air Purifier 3H – Прочистувачот има капацитет за проток на воздух до 380m³/h, со што е навистина погоден за простории до 45m². Протокот на прочистен воздух кај овој модел изнесува 6.630 литри на час.
Воздухот ќе биде променет и прочистен за само 5 минути. Исто какоо и претходниот модел така и овој може да елиминира 99.97% од штетните микро честички и 100% од насобраната прашина. Производот е наменет за елиминација на честички поголеми од 0.3 микрометри, но добро се снаоѓа и со некои помали бактерии кои кружат низ домот.
Благодарение на неговата практичност, на тивкиот мотор и минималната потрошувачка на електрична енергија, прочистувачот е одличен за употреба дури и во ноќните часови. Навистина е тивок при работа (32db) и не пречи на останатите членови од семејството.
Mi Air Purifier 3C – Третиот модел се карактеризира со филтер со висока ефикасност кој пружа проток на воздух до 320m³/h. Успева да обезбеди проток на прочистен воздух до 5.330 литри во минута. Како и другите два модели така и овој, умее да елиминира 99.97% од нано честичките во домот.
Со помош на високо прецизните ласер сензори прочистувачот може автоматски да ја промени брзината на прочистување. Ослободете се од непријатните миризби во домот, загадениот воздух кој влегува однадвор, чадот од цигари и слично. Моделот може да прочисти просторија до 106m².
Она што би било добро да се напомене во врска со одржувањето на прочистувачите се нивните филтри. Секој од моделите во себе содржи трослоен HEPA филтер. Истиот треба да биде променет секогаш кога на екранот или на апликацијата ќе добиете известување.
Животниот век на филтерот зависи од количината на честичките кои самиот прочистувач ги апсорбирал. Во просек, препорачливо е менување на секои 6-12 месеци.
Горенаведените модели на прочистувачи на воздух се достапни за нарачка во нашиот каталог и на следните линкови
Коментари