Xiaomi KingSmith WalkingPad X21

Xiaomi KingSmith WalkingPad X21

Сакате да си направите мини домашна теретана за студените зимски денови?

Ви ја претставуваме новата трака за трчање од производителот KingSmith и дел од Xiaomi екосистемот – Xiaomi KingSmith WalkingPad X21.

Најновиот модел може да се пофали со одлични напредни перформанси како на пример NFC чип, голем LED екран и контрола преку соодветната апликација.

Траката е изработена од метална легура и високо квалитетен ABS материјал. Преку нејзините смарт функции можете да ги следите вашите податоци од вежбањето и да си поставувате следна цел за достигнување. На екранот секогаш ќе ги имате на дофат на рака податоците во врска со согорените калории, изминатите километри, времетраењето на вашиот тренинг и слично.

Наменета е за домашна употреба токму поради малата бучава на моторот која изнесува нешто помалку од 75db. Можете исто така да го програмирате вежбањето врс база на вашето моментално расположение и потреба (0.5 км/ч – 12 км/ч).

Траката е опремена со NFC чип со чија помош брзо ќе ја поврзете со мобилната апликација.

Нејзините димензии се навистина компактни и совршени за употреба во домашни услови(склопена 710x955x226mm, расклопена 1420x720x1020mm). Тежи околу 38 килограми а може да издржи максимална тежина до 110 килограми.

Што друго нуди траката и кои се другите нејзини перформанси погледнете на Xiaomi WalkingPad X21

Коментари


Остави коментар