Во најава - Xiaomi Smart Band 7 Pro!
Со атрактивен четвртест дизајн и поголем екран, на прв поглед е видлива разликата помеѓу класичната Xiaomi Mi Band 7 и новата Mi Band 7 Pro верзија. Што е тоа што го нуди Pro верзијата прочитајте во продолжение.
Како секоја нова верзија на фитнес тракери така и оваа се карактеризира со значително поголем екран од 1.64 инчи кој нуди незаборавно корисничко искуство. Екранот е AMOLED со резолуција од 280 x 456 пиксели. Друга карактеристика на екранот е стаклото со заоблени краеви. Ваквиот поширок екран е навистина одличен бидејќи овозможува поголема прегледност на податоците и го олеснува читањето нотификации. Неговата големина е доволна да може да се управува со само еден допир и поради тоа нема дополнителни копчиња на тракерот.
Екранот има исто така и автоматска контрола на светлината и тоа е една нова функција која не е достапна кај класичната верзија на тракерот. Always On Display начинот на работа ги прикажува датумот и времето дури и кога екранот е исклучен.
Поголем дел од основните функции кои ги има Mi Band 7 се присутни и кај оваа верзија како на пример 24/7 пратење на срцеви отчукувања, пратење на нивото на стрес или квалитет на сонот. Што се однесува до спортските начини, Mi Band 7 Pro доаѓа со 14 специјализирани начини на вежбање и можност за пратење на повеќе од 110 спортски начини.
За разлика од обичната верзија, кај оваа верзија е интегриран GNSS сензор со поддршка за GPS, QZSS, BeiDou, Galileo и GLONASS позиционирање кое ви овозможува пратење на трчањето без притоа да мора да се поврзете на мобилен.
Оваа верзија е дизајнирана така што можете да ја прилагодите според сопствените желби и да изберете една од преку 150 теми на екранот.
Фитнес тракерот е достапен во пред нарачка на нашата официјална веб страна а нешто повеќе за останатите перформанси погледнете на Xiaomi Mi Band 7 Pro
Коментари