Практично и паметно чистење на домот

Практично и паметно чистење на домот

На сите ни е добро познато дека со секојдневното чистење на домот се ослободуваме од сета прашина, микрочестичките присутни во домот како и од алергените. Посветувајќи дел од времето на секојдневното чистење, останува малку слободно време за поминување со вашите најблиски, за извршување на некои важни обврски и слично.

Денес благодарение на најновата технологија постојат голем број роботски и безжични правосмукалки. Секојдневно се трудиме да го прошируваме нашиот каталог со цел вие да имате широк спектар на производи кои би одговарале на сечиј вкус, желби и потреби.

Со роботските правосмукалки замислете едно поинакво секојдневие. Секогаш чист дом без никаков напор. И кога не сте дома, оставете роботот да чисти наместо вас. Заштедете голем дел од вашето скапоцено време доверувајќи го домот на некоја од нашите роботски правосмукалки.

1. Roborock S7( црн и бел)– Најновото издание на роботска правосмукалки од серијата Roborock. Зголемена вшмукувачка моќ и напредни перформанси. VibraRise технологија при што крпата вибрира до 3000 пати во минута и со тоа дејствува врз закоравените дамки на подот. При допир со тепих автоматски ја подигнува крпата со цел да не остави водени траги на истиот. 

2. Viomi S9 ( црн и бел) – можеби едно од најреволуционерните изданија во областа на смарт чистењето. Со овој модел на робот вие нема потреба воопшто да се мачите или да чекате роботот да го заврши чистењето за да го испразните резервоарот. Роботот доаќа со станица за автоматско празнење на садот за прашина по секое чистење. 

3.  360 S10 – Роботска правосмукалка кај која класичната ласер кула(присутна кај поголемиот дел роботи) сега е заменета со внатрешни сензори поставени на предната страна и на страничните делови. Се карактеризира со голема вшмукувачка моќ од 3300Pa и батерија со капацитет од 5000mAh. Што се друго нуди овој робот може да погледнете на официјалната веб страна. 

Во нашиот каталог ќе најдете и безжични правосмукалки со кои на момент имате можност да се навратите на она класичното чистење. Новитет е HEPA филтерот кој е неизбежен дел кај сите роботски и безжични правосмукалки. Класичните ќеси, оние досадните за празнење, се сменети со доста удoбен, практичен сад за прашина.

Вие сè што треба да направите е да го испразните садот и да го проверите филтерот кој може слободно да го миете под млаз вода бидејќи истиот е повторно употреблив.

1. Jimmy JV65 Mop 2in1 Plus – овој модел на безжична правосмукалка се карактеризира и со функција на џогер. Во пакувањето ќе ги најдете сите додатоци потребни за беспрекорно чистење на домот. Батеријата е литиумска и има капацитет од 2500mAh. 

2. Jimmy JV85 Pro – Се работи за една од најмоќните безжични правосмукалки со супер перформанси. Опремена е со LED екран на кој во реално време може да добивате информации за батеријата, капацитетот и слично. 

3. H9 Pro – Безжична правосмукалка со екран на кој може да ги следите сите податоци во врска со батеријата, со нејзиниот капацитет и слично. Интересно кај овој модел е тоа што кога е подесен автоматски начин на чистење, правосмукалката умее да ги препознава различните површини и да го прилагоди чистењето според потребата. 

Доколку во одредена мера ви помогнавме да се одлучите да купите една од нашите роботски или безжични правосмукалки и да си го поедноставите секојдневието, посетете ја нашата веб страна и направете нарачка а ние ќе се погрижиме да го добиете производот во најкраток можен рок, сигурно и безбедно!

Коментари


Остави коментар