Mi Band 6 - безброј функции и беспрекорни перформанси!

Mi Band 6 - безброј функции и беспрекорни перформанси!

Од каталогот на смарт часовници овој пат го издвојуваме најновото издание - Mi Band 6.

Тракерот нуди безброј функции и можности за користење. Во продолжение погледнете ги оние кои посебно се издвојуваат

- Комплетни информации во врска со личното здравје - Personal activity intelligence(врз база на вашата возраст, пол и слично ја одредува општата здравствена состојба), ги следи нивоата на стрес и сугерира што да правите за да се ослободите од истиот.

Ви дава насоки како да ги смирите вашиот ум и тело преку вежба за дишење во траење од 5 минути и тоа следејќи го моделот Inhale.

Кај женската популација обезбедува податоци за месечниот циклус.

- Водоотпорен до 50АТМ – значи дека може да се користи додека се туширате или бањате, но избегнувајте да го користите при нуркање или во сауна

- Mi Smart Band 6 нуди 19 нови фитнес начини на вежбање, меѓу кои тренинг со висок интензитет, бокс, зумба.

-  За што може да ви послужи тракерот во ноќните часови? Истиот ќе ви обезбеди информации за нивото на кислород во крвта секоја вечер, а исто така прави анализа на дишењето додека спиете и на тој начин го прати квалитетот на сонот.

- Мониторинг на заситеност со кислород во крвта

- Други корисни функции кои со сигурност би ви се допаднале – известувања доколку подолго време не забележи движење, музичка репродукција, пронајди го телефонот, DND функција, известување за дојдовен повик, метео прогноза, известување за пораки, календар на настани и многу друго.

Фитнес тракерот е достапен за нарачка во нашиот каталог, а пред да се одлучите да го купите, доколку сакате да го погледнете ве очекуваме во нашиот изложбен салон во Охрид, ТЦ Амам, до 31/08/2021

Коментари


Остави коментар