Движи се удобно и безбедно низ градскиот метеж

Движи се удобно и безбедно низ градскиот метеж

Погледнете накратко кои се перформансите на трите достапни модели на електрични тротинети од брендот Xiaomi.

Едноставен и лесен за пренос од едно на друго место, како и практичен за возење на пократки градски релации - Xiaomi Mi Scooter Essential Lite.

Тротинетот нуди избор од три начини на возење за подобро превезување низ градот. Кога преовладува градската гужва, изберете го основниот начин Пешачење (0-5км/ч). При Стандарден начин, достигнува брзина до 15 км/ч, додека пак при Спортски начин тротинетот се движи со максимална брзина од 20 км/ч.

Моторот достигнува максимална моќ до 500 W, а батеријата овозможува автономија до 20 км и совладување нагорнини до 10%.

Следен на листата се надоврзува електричниот тротинет Xiaomi Mijia 1S- со слични функции како и претходникот, но и подобрени перформанси.

Поддржува три начини на возење, а максималната брзина ја постигнува до 25 км/ч. За разлика од неговиот претходник, овој модел може да се пофали со посветол LCD екран, на кој исто така се прикажуваат важни информации за возењето. Уште еден новитет е големиот LED фар кој одлично го осветлува делот пред самиот тротинет.

Моторот постигнува моќ до 500 W, а батеријата овозможува автономија до 30 км и возење нагорнини до 14 %. Квалитетот на Xiaomi 1S е во неговата солидна изработка што опфаќа метална подлога, делови изработени од алуминиум и пластични елементи, коишто му даваат Premium изглед.

Серијата ја комплетираме со извонредниот Xiaomi Mi Pro 2 тротинетот што ги задоволува рекреативните и практичните потреби на корисникот.

И овој тротинет се карактеризира со висококвалитетна изработка и двоен начин на кочење E-ABS + диск кочници. Моторот постигнува максимални 600 W, а батеријата овозможува автономија до 45 км и искачување нагорнини до 20 %. Трите начини на возење се присутни и кај овој тротинет.

Начин Пешачење се регулира на 0-5 км/ч, Стандардно возење со 20 км/ч, а со 25 км/ч тротинетот е наместен на Спортски начин.

Сите три тротинети од серијата M365 се издвојуваат по одличните функции, практичноста при користење и минималистичкиот дизајн.

Леснотијата на возењето и искачувањето по нагорнини се должат и на 8,5 инчните гуми кои имаат одлична апсорпција на удари, способност за преминување препреки и се приспособливи на нерамни површини.

Се поврзуваат со апликацијата Mi Home на која се прати целокупното возење, статистичките и техничките податоци, како преостаната батерија, исправност и сл. Смарт-финишот им го дава и контролната табла поставена на предната страна на тротинетите, на која се прикажуваат корисни податоци во реално време.

Коментари


Остави коментар